Нема наменско прскање против крлежи

Во Охрид, сеуште не е извршена редовната дезинсекција против комарци и останати инсекти.

 |  Мишел Наумоски  | 
treva
трева

Влажното и дождливо време како и периодот на затоплување кој се очекува деновиве, прават за совршени услови за појава на крлежи. Овие потенцијално опасни инсекти најчесто се наоѓаат во тревнати површини особено обраснати со високи треви и околу мочуришта. Крлежот е пренесувач на многу заразни болести, болести кои не ретко завршуваат и фатално.

krleziД-р Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека најдобар начин за спас од крлежите е превентивната системска дезинсекција, но според него, не станува збор за посебно прскање против крлежи.

„Наменско прскање против крлежи не се прави. Системската дезинсекција во градот ги покрива сите форми на инсекти кои пренесуваат различни заболувања. Прскањето против комарци, во исто време претставува и прскање против останатите инсекти така да нема потреба специфично само за крлежите да се прска. И прскањето кое сега ќе го направиме против комарците, ќе биде системска дезинсекција и против останатите инсекти.“-рече директорот на Центарот за јавно здравје од Охрид, д-р Атанаско Михаилов.

Дали се работи само за прскање против крлежи или пак се работи за поширока дезинсекција, сега засега не прави некаква разлика, бидејќи охриѓани сеуште го чекаат првото од трите предвидени прскања против комарци.

dezinsekcija„Крајот на Мај ,почеток на Јуни е првото прскање во коешто правиме комбинирано терацидно прскање од земја, во коешто правиме комбинирано прскање со инсектицидно и ларвицидно средство. Се користи и средство за уништување на ларвите, најситните форми на почетокот на растење на комарците , а потоа се прават уште две системски прскања за да може останатите форми на комарци да бидат уништени. И временските услови сега не погодуваат за прскање, знаете ова дождливо време со ветер не одговара за прскање затоа мислам дека сега на почетокот на Јуни, во наредните десетина денам мислам дека треба да биде првото прскање од трите предвидени прскања на градот Охрид во системската дезинсекција.“-вели д-р Михаилов.

Тој потенцира дека системската дезинсекција е обврска на локалната самоуправа, а дека има институции овластени од Министерството за здравство кои можат да ја прават таа дезинсекција. И градскиот парк во Охрид како и образовните институции во градов, д-р Михаилов вели дека влегуваат во делот на системската дезинсекција, секако тогаш кога таа ќе се случи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top