Нема лабаво, домашните миленици под контрола

Несовесното шетање на домашните миленици од страна на нивните сопственици е појава која мора да се сузбие, бидејќи истата е опасна и предизвикува страв кај пешаците. СВР Охрид во тек со овој актуелен проблем.

 |  Билјана Николоска  | 
Stefan Dimoski
Стефан Димоски

Stefan DimoskiНеносењето на заштитни средства на домашните миленичиња е сериозен проблем. СВР Охрид на ова поле презема интензивни мерки, бидејќи согласно законот за прекршоци на јавен ред и мир, оваа појава предизвикува не само страв туку и опасност кај  пешаците посебно кај помладата популација. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека појавата на неносење на соодветни заштитни средства на кучињата како проблем го среќаваат скоро секој ден во нивната работа. Тој потенцира дека една од посериозните активност во нивниот сектор е точно оваа проблематика и поради тоа се преземале сите неопходни мерки и санкции против прекршителите на законот.

Димоски вели дека сосема се оправдани рекциите на граѓаните, посебно кога се работи за неодговорниот однос на одредени сопственици на домашни миленици, кои не водат сметка за реакцијата на останатите пешаци на јавните површини. Димоски вели дека од досегашното искуство на оваа проблематика најчесто реагирале по случај кога имало телефонско јавување, по дојава на граѓаните и по забележување на оваа појава од страна на службените лица на секторот. Додава дека нивните активности се концентрирани не само во општината туку и во руралните средини.

Димоски вели дека во секое време линијата 192 е отворена за пријава на ваков случај и дека во ниту еден момент нема да се откажат од делување во сузбивање на ваквата појава. Но тој упати сериозен апел и до сопствениците кои имаат несоодветен однос и шетање на милениците на јавни места.

Портпаролот на СВР, смета дека нема потреба од порепресивни мерки бидејќи паричната казна вродила со плод и нема повторување на делото кај лицата на кои им е изречен овој прекршок, со исклучок на поединци. Димоски дециден дека не прогледуваат низ прсти на никого без оглед на тоа за кој станува збор, бидејќи сепак тие работеле во интерес на охриѓани и на сите останати граѓани, а воедно ги заштитувале од сите појавни облици на криминалитет вклучувајќи го и несовесното шетање на опасните домашни миленици. Ова е ставот на СВР Охрид, кој се надеваме дека ќе ги исполни очекувањата на нашиот сограѓанин кој со допис до нашиот медиум неодамна упати сериозна забелешка.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top