Првиот човек на СДСМ, Бранко Црвенкоски се поприсутен во охридската јавност. Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Науме Јованоски објаснува дека се реализира зацртаното од пред 18 месеци, А тоа е раководство на СДСМ да е се поприсутно меѓу народот. Но многу од оние тврдокорни социјал- демократи не беа забележани во трите тајфи кои остварија средби со охриѓани. Дали тоа се должи на внатрепартиско групирање или раздор, Јованоски со став.
„Нема никаков раздор, јас бев презафатен и неможев да забележам дека фали некој од нашето членство. Сите беа уредно повикани и верувам дека си ги исполнаа обврските на партиските бои“.
За гласините дека зборот на Чакар или претседателот на охридската ОО на СДСМ Науме Јованоски, е закон кај неговиот лидер Црвенкоски, посебно при делување за за кадровски промени на неколку директори во Охрид, Јованоски не сакаше да коментрира.
Кадровски промени нема да има засега, но нема ниту селење од просториите каде сега се наоѓа седиштето на социјалдемократите од Охрид. Наумоски нема информација дека ги очекува период кога треба да размислуваат за преселба на нивното моментално седиште. Но ако сепак се случи тоа, Наумоски лесно ќе се справи со тоа.
Ако 2009 година за социјалдемократите беше година на реорганизација и кадровски промени, 2010 веќе ги даде очекуваните резултати и реализација на програмата, рече Јованоски. Додаде дека во тек е изработка на програмата за 2011 год. За престојнава година имаат големи очекувања како на локално така и на централно ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град