Нема да има фестивал „Сирење и вино“

Фестивалот „ Сирење и вино “, кој годинава требаше да се одржи по петти пат, е откажан.

 |  Валентина Нелоска  | 
сирење

Фестивалот „ Сирење и вино “, кој годинава требаше да се одржи по петти пат, е откажан.

Иако за тоа имале подршка од градоначалникот Петрески и декларативно ветување за финасиска помош од Министерството за земјоделство, по три одлагања на термините за одржувањето, сепак фестивал нема да има.

„Министерството за земјоделство не издвои  пари. Иако министерот лично ми вети и даде амин за одржување на фестивалот“, кажува  Љуљзим Фејзулаи, член на управен одбор на федерација на макеонските фармери.

Фестивалот на кој се промовираше македонското сирење и вино пропадна за само 200.000 денари, вели Меџит Алити подпредседател на македонската федерација на фармери.

Федерацијата на фармери кои се организатори, годинава планираа фестивалот да го издигнат на меѓународно ниво, сеуште немаат образложение од министерството зошто нема пари. Со пропаѓањето на фестивалот губат државата и градот, но најмногу извисија фармерите кои нема да ги промовираат своите прозизводи велат организаторите. Минатите години производителите најмногу ги продавале своите производи благодарение на остварените контакти  на фестивалот на „ Сирење и вино “ во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top