Годинава во Охрид е дијагностициран само еден нов случај на ХИВ. Први декември се одбележува како Светски ден на ХИВ/Сида, а годинешното мото е „Глобална солидарност и флексибилни услуги, крај на нееднаковостите – крај на Сидата“.
Регистрирани се 42 нови случаи од ХИВ/Сида во Македонија оваа година, а четворица починале од оваа неизлечива болест. Во Охрид годинава е дијагностициран еден нов случај на заболен со ХИВ/Сида. Сите ново дијагностицирани лица се мажи. За начинот на пренос на ХИВ вирусот се изјаснале дека 37 од нив ја добиле по хомосексуален пат, а 5 лица по хетеросексуален. Ова се статистички податоци од Институтот за јавно здравје. Нема драстичен пораст на новозаболени лица од ХИВ/Сида во земјава, информира СашоТочков, претседател на ОО ЦК која се вклучува во одбележување на Први декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/Сида.
ХИВ /Сидата во последните две години со појавата на ковид ја ставивме во сенка, но таа болест постои иако за среќа во Македонија според податоците со кои располагаме не се бележи зголемен пораст – истакна Точков.
Годинешното мото со кое се подига свеста за ХИВ/ Сидата има наслов „Глобална солидарност и флексибилни услуги, крај на нееднаковостите – крај на Сидата“. Охридскиот Црвен крст организира повеќе активности, а едно од нив е онлајн предавање за запознавање на основците со опасностите од оваа болест.
Денес ќе има работилница за ХИВ / СИДА која наш волонтер ќе ја држи за сите ученици од 8 и 9 одделение од ОУ „Григор Прличев“. За пофалба е тоа што иницијативата доаѓа од учениците, родителите и наставниците – вели Точков.
Од ОО ЦК ќе им излезат во пресрет и на останатите училишта кои ќе иницираат вакви предавања во неделата за борба против сидата која трае од 1-ви до 7-ми декември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град