Нема доволно јавни тоалети на градските гробишта во Охрид

Утре е задушница, „мртва сабота“. Охридските гробишта ќе бидат преплавени од луѓе. Граѓаните упатија сериозна забелешка дека на огромната површина каде има околу 15 000 гробни места, нема доволно јавни тоалети, освен два во капелата, кои често се и заклучени.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На охридските градски гробишта нема јавни тоалети. На ова до нашата редакција се пожалаа неколку граѓани на Охрид. Тие кажаа дека не ретко се случува да се најдат во непријатна ситуација, поради тоа што се сведоци дека некои граѓани од немајкаде поради зорт вршат физиолошки потреби во природа односно во дадениов случај врз гробните места.

За тоа дали има доволно тоалети кои функционираат во градските гробишта и дали има потреба од дополнителни вакви објекти одговор побаравме од директорот на ЈП „Градски Гробишта“Зоран Симоноски. Во краткиот телефонски разговор што го остваривме со Симоноски, тој најпрво кажа дека има тоалети кои функционираат во рамки на ЈП на самиот почеток од гробиштата кои работеле 24 часа. Веднаш потоа се оправда дека во моментот не е во можност да разговара на телефон и дека ќе одговори на нашите прашања кога ќе се ослободи. Но од тоа ништо. До затворање на дневникот Симоноски не одговараше на нашите телефонски повици.

Што се однесува до неговото тврдење дека санитарните чворови во рамки на гробиштата функционираат 24 часа, дознаваме дека трите тоалети за посетилите работат само до завршување на работното време на службените лица. Како што е познато површината на градските гробишта е огромна, таа зафќа околу 400 метри квадратни во должина. Па оттука и сосема е оправдана потребата на граѓаните за повеќе јавни тоалети. Посебно утре во пресрет на една од поголемите задушници „мртва сабота“ кога охридските гробишта ќе ги посетат повеќе илјади граѓани. На охридските градски гробишта има 15 000 гробови. Ако се земе во предвид податокот дека само за гробарина ЈП „Градски Гробишта“ годишно зема давачка од 10 евра по гробно место, може да се пресмета колку пари влагуваат во ова ЈП и дали е возможно или не претпријатието да инвестира во поставување на дополнителни јавни тоалети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top