Нема благодарам за мојот хуманизам

Познатиот рекордер во крводарителство Дмитар Свилар, 36 години живее во Охрид и сеуште нема државјанство.

 |  Николоска Биљана  | 
svilar
свилар

Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби.

svilar bibe„Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов тој ми побараа 1000 марки. Јас му кажав имам, што ми треба од документи за државјанство. Па 1000 марки, јас знам и му ги покажав парите дека ги имам. Да ти ги дам парите, па дај, па не пишува овде кој сум, што сум и од кај сум дај ми документ што треба да поднесам и човекот ме одби. Друг пат поднесувам друг човек беше таму на функција и ми напиша кои документи треба да ги поднесам. Одам до општина и ги извадов сите документи ги поднесувам затекнав друг човек. Пак поднесов и беше една жена и таа последен пат ми рече да се женам да бидам две години во брак да поднесам документи и да чекаш државјанство“.

За неговиот случај се нафатиле да му помогнат од охридскиот Црвен Крст. Секретарот Антонио Додоски, вели дека грижата за крводарителите е нивна примарна цел во работата. Додава дека случајот на Свилар е една сурова реалност на човек кој 36 години живее и твори во Македонија. Додоски смета дека Свилар заслужува за него да се направи барем еден хуман гест, како возврат на неговиот голем хуманизам.
dodoski„Ние како Црвен Крст се нафативме да му помогнеме, меѓутоа нашата можност за тоа е отворање на некоја врата во институциите и да видиме во негово име каде е закочена процедурата, прескокната, ако има потреба да му помогнеме да извади некои документи. Меѓутоа овде проблемот е законски и формален и мора да го решат институциите. Останува ние од наша страна само да апелираме и тоа ќе го правиме и ќе го поддржуваме. Ние како Црвен Крст познавајќи го лицето кое што долго време е крводарител и генерации и служби во црвен крст го познаваат. Ние гарантираме дека со неговата возраст и неговиот скромен начин на живот лицето не е никаков проблем за Р. Македонија и не е проблем никаков да му се издаде тоа државјанство“.

Од СВР Охрид во врска овој случај, велат дека Свилар цели две години нема поднесено документи за државјанство. Од таму исто така кажаа дека причините со кое е одбиен се наведени во образложението на донесеното решение.
Останува Свилар да биде упорен и неуморно да талка по вратите на надлежните институции, бидејќи можеби сепак државата ќе изнајде модус како да го реши неговиот проблем. Ние како медиум се обидовме да стапиме во контакт со кабинетот на претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, поточно со лицето за односи со јавност Игор Каровски. Засега не успеавме во тоа, бидејќи Каровски не одговори на нашите телефонски настојувања да го добиеме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top