Најнекоректна кампања која досега ја видел Охрид, обвинуваат од Сојузот на иднината. Кандидатот за градоначалник Александар Петрески побара меѓународната заедница да го засили својот мониторинг.
Александар Петрески, актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат на денешната пресс конференција укажа на голем број неправилности со кои се води кампањата од страна на нивните опоненти. Тој рече дека додека тие засадувале дрвца по повод денот на пролетта, луѓето од ВМРО ДПМНЕ кршеле изборни штабови од СДСМ и затварале фирми. Петрески изнесе и сознанија коишто им ги пренесле граѓаните за разни други притисоци. Како пример го посочи подметнувањето на обрасци за плаќање данок кои се фалсификат.
Петрески рече дека начинот на кој се води оваа кампања од страна на на опозицијата За подобра Македонија е крајно некоректен. Тој побара меѓународната заедница да го засили својот мониторинг.
И носителот на советничката листа од коалицијата Сојуз на иднината, проф. Д-р Јован Стојаноски се осврна на текот на кампањата и начинот на кој истата се води. Тој потсети дека на почетокот сите се обврзале дека таа ќе биде фер и демократска.
На крај од пресс конференцијата беше повикано граѓаните на 24ти да излезат масовно на гласање, а изборите да протечат во мирна атмосфера.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град