Некои кренаа раце од наградите но некој и ќе тужи

Конкурсот за Светиклиментовите награди и повелби заврши. Досега пријавени девет кандидати. Оправдана ли е потрагата по нови добитници на најпрестижната награда, кога минатогодишните, сеуште чекаат на нив? Некои од нив, најавуваат дека по судски пат ќе си ги бараат наградите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sv Kliment Ohridski
Св Климент Охридски

Svecena akademijaКонкурсот за најпрестижната награда на градов „Наградата  за животно дело“ и Повелбите „Св. Климент Охридски“, заврши. Дали годинава ова признание, а и неговите добитиници ќе го добијат третманот и вниманието кое го заслужуваат? Ќе заврши ли конечно наградата во рацете на оние кои по заслуга ја добиле? Иако некои од минатогодишните добитници на Св Климентовата награда веќе не се ни надеваат дека таа ќе дојде во нивните раце, некои ќе одат до крај.

Минатогодишниот добитник на Наградата за животно дело, пратеникот Цветко Грозданов за ТВМ изјави дека, иако честа да се биде добитник на оваа награда е огромна, сепак се доведува во прашање нејзината вредност после минатогодишните настани кои се случија околу нејзиното доделување.

Cvetko Grozdanov

Грозданов тврди дека станува збор за крајно исполитизиран настан, кој од година во година го деноминира ова признание што пак го покренува прашањето колку во иднина иснтитуциите ќе сакаат да номинираат свои претставници за трката по ова престижно признание. Тој додава дека ваквиот индолентен однос кон ова признание, во иднидна ќе го намали и бројот на луѓето кои ќе сакаат да аплицираат. На никој од добитниците на наградата за 2009 година, професорот Милена Главинчева, архитектот Димитар Зарчев и пратеникот Цветко Грозданов до сега не им е врачена наградата. Доколку до истекот на законскиот период од една година, не му биде врачена наградата, пратеникот Грозданов најавува тужба, потенцирајќи дека веќе испратил една опомена пред тужба. Грозданов додава дека станува збор за награда која му е особено драга и која заслужено ја добил, како признание за дела кои се од општ инетерес на охриѓани. Плакети требаше да добијат алпинистот Мишко Танески кој минатата година го освои врвот Ајланд Пик на Хималаите, познатиот угостител Љупчо Патчев за  бројни хуманитарни дела и ОМУ „Методиj Патче“ за големата афирмација на Охрид, на натпреварите дома и во странство. До Комисијата за одбележување на празници и доделување награди и признанија, досега пристигнаа пријавите на деветмина кандидати.7-ми Декември е крајниот рок кога оваа комисија ќе се произнесе после разгледувањето на деветте пристигнати пријави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top