…Сабри-беј бил капетан прва класа во турската армија. Никогаш не се оженил и немал свои директни потомци. Но, во Охрид живеат и денес негови правнуци, потомци од неговата сестра….
Зградата на Охридската гимназија е подигната пред 100-тина години како подарок за охриѓани од Ејуп Сабри-беј. Атрактивниот објект е изграден во европски стил, но за време на едновековното постоење повеќе пати било менувано. Преживеало бурни времиња, повеќе војни и неколку режими. За него се водел долг судски процес и пожар кога пламените јазици го голтнале она што најмногу го красело, потпокривот и неговите обележја двете куполи и убавиот часовник. Историчарот, Професор Д-р Павле Митрески, го истражувал животот на Ејуп Сабри-беј и судбината на објектот. Митрески, вели донаторот ја градел зградата со многу ентузијазам и огрома љубов. Но, неговата љубов кон Охрид поединци ја злоупотребиле и изградбата му нанела многу болка и непријатности.
Сабри-беј бил капетан прва класа во турската армија. Никогаш не се оженил и немал свои директни потомци. Но, во Охрид живеат и денес негови правнуци, потомци од неговата сестра. Тие раскажувале како нивниот предок ја градел гимназијата, но и еден друг помал објект во негова близина, сега каде што е сместен Фондот за пензиско и социјално осигурување. Сабри–беј сакал да изгради објект по кој неговите охриѓани ќе го паметат, вели Проф. Митерски. Ејуп Сабри-беј во 1907 година наследил чифлик и кула во селото Елшани од неговиот татко. Целиот имот му го продал на извесен Кочо Кордоски, ѕидар кој долго време работел во Белград заедно со син му. И започнал да гради.
Охриѓанецот, Сабри-беј и ресеначнецот Нијази-беј, кој го подигнал познатиот ресенски сарај, биле добри другари. Заедно учествувале во Младотурската револуција и во сите војни што ги водела Турција во тој период. По примерот на неговиот пријател, Сабри-беј одлучил да изгради училиште, но не обично како другите во тогашната Отоманската Империја, туку современо. Го избрал стилот на француското училиште во кое се школувале младите турски офицери во тоа време. Митрески нагласува дека изградбата не била лесна и траела долго. Местото каде што требало да се подигне зградата било мочурливо, па затоа Сабри-беј морал да копа канали за одводнување и водата да ја спроведува до Билјанини Извори. За да ја зацврсти подлогата, донел огромни кубици камен, а работите ги надгледувал лично. Во близина подигнал шатор и не се одделувал од местото. Главен мајстор бил дулѓерот по име Реџеп, а помошник бил мајстор Спасе од Вевчани. На објектот работеле вкупно 40 мајстори. Камен и тули се пренесувале од месноста Беј Бунар. На зградата се работело три години. а непредвидените проблеми што се јавиле, чинела многу поскапо отколку што предвидувал Сабри-беј. Само што ја покрил и ги завршил кубињата и часовникот, почнале војните, најпрво Балканските, а потоа и Првата светска војна, а Сабри беј со турската армија го напуштил родниот град. Во тие воени времиња зградата ја користеле сите војски што го освојувале Охрид. Најпрво во него се сместиле српските војници, по нив во 1915 година дошле бугарските, за на крајот со градот и со зградата на Сабри-беј да ги запоседнат Србите.
Митрески претпоставува дека Србите веднаш по Балканските војни во зградата, иако не била дозавршена, отвориле прогимназија која работела до 1915 година и во неа предавал и познатиот југословенски комунист Моша Пијаде. Зградата за иста намена била користена и од Бугарите во 1917 година. Зградата е гимназиски објект во целиот тој период, а вистинскиот сјај губи во пожарот кој избувнал во зимата 1937 година поради неисчистен оџак, кога целосно изгорел потпокривот, нагласува Проф. д-р Митрески. Во еден дел од гимназијата живеел директорот Никола Крстиќ, татко на познатиот писател Анѓелко Крстиќ, од Лабуништа. Пожарот за среќа бил навреме локализиран и изгаснат со што била спречена поголема штета врз зградата, раскажува Митрески.
Ејуп Сабри-беј кога дознал дека неговиот објект е опожарен бил длабокот несреќен. Неколку години подоцна дошол во Охрид за да бара отштета, но било залудно. Иако поднесол оригинална тапија пред тогашните власти сопственоста не му била призната. Ејуп Сабри-беј по 1913 година живеел во Анкара, а кога го повел спорот, бил мајор во турската армија. Во 1922 година ангажирал адвокати барајќи да му се вратат двете згради. Во барањето навел дека помалата зграда ќе му ја подари на Охрид, а гимназијата сакал да остане во негова сопственост. Судскиот спор траел се до 1933 година и завршил на негова штета. Во текот развојниот процес на гимназиското образование во охридската гимназија се образовале бројни генерации ученици, познати и помалку познати луѓе. Продефилирале и бројни професори и учители.
Инаку, гиманзиската зграда повторно го врати стариот сјај во 2006 година кога започна нејзината целосна реконструкцијa од страна на Локалната самоуправа на град Охрид со донација од Светска банка во износ од 15 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град