Неизвесно колку од социјалните случаи во Охрид ќе добијат пари за греење

Владата пред три месеци донесе програма за субвенционирање на потрошувачка на  електрична енергија за ранливата категорија граѓани. Но, сеуште е нејасно  колку од охридските приматели на социјална помош ќе остварат право на субвенција за греење оваа зима.

 |  Валентина Неловска  | 
Ekrem Kaljoshi
Екрем Каљоши

Ekrem KaljoshiВладата пред три месеци донесе програма за субвенционирање на потрошувачка на  електрична енергија за ранливата категорија граѓани. Но, сеуште е нејасно  колку од охридските приматели на социјална помош ќе остварат право на субвенција за греење оваа зима. Во текот на 4 месеци, преку ресорното министертсво ќе може да добијат парична помош за греење во цисина од 600 денари, а еден од условите е да ја имаат подмирено сметката за потрошена електрична енергија. Корисниците на социјална помош со барањата треба да достават и сметка за платена потрошена електрична енергија за септември. Покрај електрината енергија ќе може да добијат пари и за фактури со кои е набавено  огревно дрво, нафта за домаќинство, јаглен.
Во Центарот за социјални работи со ваква евиденција не расоплагаат. Велат дека тоа не е нивна законска обрска. Располагаат само со бројот на корисниците кои кај нив се регистрирани како  приматели на социјална помош. Станува збор за евидентирани 700-тина корисници на социјална парична помош и околу 100-тина корисници на постојана парична помош информира Екрем Каљоши , директор на оваа институција. Досега до сите центри, вклучувајќи го и охридскиот, социјалните корисници  немаат доставено барања за ваква поддршка истакнува Каљоши.  Владината одлука се усвои кон крајот на јули, а се објави во службен весник на крајот од август, и допрва се очекува нејзина засилена промоција нагласува Каљоши.

Владата за оваа намена има издвоено буџетски пари во висина од 104 милиони и 400.000 денари.
Исплата за потрошената електрична струја ќе се врши месечно, а  фактурите за огревно дрво и останатите енергенси ќе бидат исплатени веднаш.      
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top