Неизвесна судбината на диво изградените поткровја во стариот дел од градот

На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина   незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
potkrovja
поткровја

potkrovjaНеизвесна судбината на изградените поткровја во стариот дел од градот, дали ќе се спасат од рушење или ќе бидат легализирани. На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина    незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид. Сега се зависи од предлог законот за легализација на дивоградбите на кој се чека скоро 4 години, вели раководителот на инспекторатот Танас Танасоски.
„Сепак се сомневам дека поткровјата ќе бидат легализирани, со оглед на тоа дека се работи за заштитено подрачје како што е стариот дел од градот, но  како и да е треба да се почека донесувањето на  законот “, вели Танаскоски.
Градежниот инспекторат во последните 5 години на територија на општина Охрид евидентирал 880 дивоградби. Од таму издале решенија за нивно уривање, но пари за таа намена општината немала. Од инспекторатот се обратиеле за финасиска поддршка до Владата и Парламентот но средства за тоа недобиле. До јавниот обвинител  доставиле 16 кривични пријави против граѓани кои граделе без одобрение.  „За легализација чекаат и голем број нелегално изградени куќи на периферијата од градот и во руралните средини на општината. Но, претежно кога се зборува за дивогрдаби најчесто станува збор за изгрдабени помали објекти како што се тераси, шупи или гаражи“, кажува Танасоски.
Тој нагласува дека единствено на територија на општина Охрид не се евидентирани нелегално изградени колективни станбени згради.  Условите со кои ќе се легализираат нелегалните градби ќе се знаат подетално по усвојувањето на законот за легализација на дивоградбите кој е во собрансика процедура.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top