Неизграденото градежно земјиште отиде во рацете на општините

Оние општини кои ги исполниле условите за добивање на земјиштето од денес ќе можат да располагаат со него. Општина Охрид овие услови ги исполнила и веќе има изработено неколку детални урбанистички планови за атрактивни простори на територијата на општината.

 |  Мишел Наумоски  | 
zemjishte
земјиште

Денес е 1-ви Јули, датумот од кој и официјално општините го добиваат во сопственост неизграденото градежно земјиште. Според законските норми за една општина да го добие во свој посед ова земјиште, најпрво мора да исполни неколку важни услови. Општина Охрид е една од општините кои во целост ги исполнила бараните услови и веќе од денес е сопственик на земјиштето. Уште пред да биде предадена сопственоста на земјиштето во општински раце, општинарите веќе нашле намена на неколку локации, а интензивно работат и на програмата која го опфаќа неизграденото градежно земјиште.

„Се работи за неколку атрактивни локации за изградба на хотелски капацитети на ривиерата за привлекување на странски инвестиции со овој закон, со предавање на земјиштето на управување на локалната самоуправа, можеме веднаш по донесувањето и усвојувањето на програмата пред Министерството за транспорт и врски, општината сама да бара инвеститори, особено во областа на туризмот и оној друг дел за развој на сервисна зона и изградба на капитални објекти како градскиот пазар и катните гаражи.“-рече Портпаролот на општината, Симон Илиески.

Една од главните придобивки со добивањето на неизграденото градежно земјиште е што инвеститорите веќе нема да мора да чекаат неколку месечни процедури за да ги започнат своите инвестициски активности. Од друга страна општината ќе може да ги реализира од одамна зацртаните проекти.

Simon Ilieski„Целокупната постапка кај нас со донесувањето на Деталните урбанистички планови веќе е завршена. Тие како парцијални решенија од програмата ќе бидат испратени до Министерството за транспорт и врски. Бидејќи да се направи целокупната програма е обемна работа се надеваме дека ќе ги прифатат парцијалните решенија и од нив ќе зависи колку ќе биде брз протокот односно во кој рок ќе ни ги вратат од Министерството.“-додава Илиески.

Илиески рече дека преземањето на земјиштето во општински раце директно ќе иницира побрз економски развој и креирање на нови работни места за Охриѓани. Тој додава: „Општина Охрид подготвено го дочека овој процес на предавање на управување со градежното земјиште. Четворица вработени во локалната го положија испитот и сега поседуваат лиценци за менаџирање на неизградено градежно земјиште.“ Покрај ова, општината има подготвено и посебни програми за менаџирање на деловите неизградено земјиште. Парите кои општината ќе ги инкасира од добиеното земјиште се во висина од 80% од вкупната вредност на земјиштето додека 20 % ќе одат во џепот на државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top