Охридските пожарникари за месец и половина изгаснале 38 запалени оџаци. Неисчистените оџаци и шпорети под дејство на високиот воздушен притисок и студеното време се најчестите причини за пожарите, вели командирот на Противпожарната единца Спасе Прентоски .
Охридските пожарникари за месец и половина изгаснале 38 запалени оџаци. Неисчистените оџаци и шпорети под дејство на високиот воздушен притисок и студеното време се најчестите причини за пожарите, вели командирот на Противпожарната единца Спасе Прентоски . Покрај зголемениот број на интервенции на оџаците, во изминатиов период од 2012 година, пожарникарите изгасиле и 10 запалени контејнери и едно возило кое подигало смет. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на интревенциите во овој период е повеќе од двојно зголемен во однос на истиот период од последните десетина години.
Командирот Прентоски апелира на поголемо внимание на граѓаните кои користат грејни тела на цврсти горива. „Потребно е најмалку еднаш месечно да се чистат оџаците, ќумците и шпоретите за да се избегнат несакани ситуации“, препорачува Прентоски. Некои од граѓаните не внимаваат и што фрлаат во контејнер. Невнимание на несовесен охриѓанец предизвикало и запалување на возило на ЈП Комуналец кое подигнало смет од контејнер во кој претходно билe одложени низгаснат жар и пепел, информира Прентоски. Тој укажува дека лани интервенирле на 20 запалени контејнери, а годинава од 10 на отворен простор гаселе 4 запалени контејнери. Прентоски повикува граѓаните претходно да ги гаснат отпадоците за да не ги уништуваат контејнерите со своето невнимание.
Струшкиот колега на Прентоски, Урим Каба информира дека на нивната територија има благ пораст на пожари. Најчесто пожарите и во струшкиот реон се од неисчистени оџаци. Само во овој месец пожарникарите интервнирале врз 6 запалени оџаци, додека лани во месец феврураи имале само 6 интревенции. Од противпожарните единици укажуваат дека граѓаните кои имаат потреба од оџачари за подетални информации да се јават на бројот 193. Во Охрид и Струга не постојат организирани оџачарски служби па препораки и совети граѓаните можат да добијат од ППЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град