Новиот состав на охридскиот совет ќе се состане на 15 април. Седницата ја свикува екс претседавачот, а потоа со неа ќе раководи најстариот советник, се до избирањето на првиот човек на советот.
Новиот состав на охридскиот совет ќе се состане на 15 април. Седницата ја свикува екс претседавачот, а потоа со неа ќе раководи најстариот советник, се до избирањето на првиот човек на советот.
Претставници од сите политички партии кои партиципираат во новиот состав на Советот на општина Охрид, денеска се состанаа со екс претседвачот на советот, Владо Чингоски. На неформалната средба, присуствуваа сите носители на советничките листи како и оние кои станаа членови на советот. Присутните се договорија на 15 април, среда, во 12 часот да биде конститутивната седница на новиот совет.
Според законот, доколку претседателот од стариот состав не ја свика седницата, десет дена по изминувањето на тој рок советниците сами се организираат за конститутивна седница.
„Како бивш претседател на советот, сакав во целост да ја исполнам својата обврска и во предвидениот термин да ја свикам конститутивната седница во нов состав“, вели Чингоски.
„Во релаксирачка атмосфера се договоривме за датумот на првата седница“, вели носителот на советничката листа од ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефаноски.
И носителот на советничката листа на СДСМ Бранислав Трпчевски задоволен од денешната неформална средба.
Врз основа на законот и статутот, конститутивната седница ја свикува претседателот од претходниот состав, кој само ја отвора седница, а потоа работата ја превзема најстариот член од новиот совет се до избирањето на нов претседавач.
Меѓу другото, на денешната средба беше формирана и три члена верификациона комисија за верификација на мандатите на советниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град