Кандидатот за градоначалник од ЛДП, Боро Павлоски, се пожали на нефер изборна кампања.
Кандидатот за градоначалник од ЛДП, Боро Павлоски, се пожали на нефер изборна кампања.
Врз гласачите се вршат притисоци, а има пропусти и во однос на просторот за бесплатно рекламирање, рече Павлоски.
Според кандидатот за градоначалник од ЛДП, Боро Павлоски, во досегашниот тек на изборната кампања забележани се бројни нерегуларности.
„Се вршат телефонски анкети кои подоцна се користат за вршење на притисоци врз гласачите“, рече Павлоски.
Павлоски рече дека има пропусти и во однос на просторот во градот наменет за плакатирање, односно за бесплатно рекламирање на кандидатите.
„Деновиве имаме бројни средби со гласачите од Охрид и околината“, рече Павлоски.
Меѓу другото, најчесто поставуваното барање од граѓаните е- кандидатите за градоначалник да не даваат лажни ветувања кои подоцна не ќе можат да ги реализираат.
На денешната средба со новинарите, се обрати и носителот на листата од ЛДП, Крум Арнаудов. Како што потенцира, приоритет на новиот совет на општината ќе биде измената на Законот за здравствена заштита и организираноста на примарната здравствена заштита.
Кандидатот за градоначалник од ЛДП, Павлоски, го осуди актуелното обложување за тоа кој ќе победи на претстојните локални избори. Без мое знаење никој не смее да го стави моето име на вакви листи, рече Павлоски. Најави превземање на правни санкции против сопствениците на овие обложувалници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град