ТВМ веќе информирше дека неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб „Бофор“ го раскина договорот со АМАК СП. Овој чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и АМАК СП како спонзор. Но приказната не застана тука.
Приказната со едриличарскиот клуб “Бофор“ продолжува. Како што ТелевизијА ТВМ веќе информирше, неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб “Бофор“, на вонредно собрание кое се одржа на 1-ви април, го раскина договорот со АМАК СП. Потсетуваме дека на истото собрание клубот го избра и новото раководство, а донесе и одлука за враќање на старите симболи на “Бофор“. Овај чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и Амак СП како спонзор.
Едриличарскиот клуб “Бофор“ во неколку наврати го промена сојот статут. Првиот пат беше во 2003 год, со потпишувањето на договорот за спонзороство на Амак СП со клубот “Бофор“. Имено тоа се направи согласно Законот за Здружение на граѓани за да се вметнат обврските на спонзорот кон клубот и обратно. Вториот пат клубскиот статут претрпе промена во 2007 год. за да се вметне основањето на уште една организациона единица на клубот.
Последната измена статутот ја доби пред десеттина дена на вонредното Собрание кои се одржа на први април, а беше свикано од страна на Претседателот на Собрание на едриличарскиот клуб, Стефан Ставрев. Претседателот истото го свика по член 24 од статутот на клубот, односно по барање на една третина од членството на Бофор. На ова вонредно Собрание, како што ТВМ веќе информираше се донесе одлука за раскинување на договорот за спонзорство со АМАК СП, поради неисполнување на обврските на спонзорот подолг временски период. Исто така, на ова собрание се разреши Надзорниот одбор и истовремено се формираше нов и се вратија старите симболи на клубот.
По овие превирања во клубот, дознаваме дека вчера се одржало редовно годишно Собрание на клубот свикано од страна на Претседателот на Извршниот одбор Венко Шапкар. Колку вчерашното Собрание е легитимно или не, може само да претпоставуваме затоа што член 29 од статутот на клубот вели дека Собрание на клубот може да свика само Претседателот на Собрание на едриличарскиот клуб.
„Можам да кажам дека вчерашното Собрание го одржаа со притисоци кон едриличарите. Се состанаа вработените од АМАК и од нив беа избрани нови членови на управниот и надзорниот одбор. Тоа е нелегитимно собрание, а Шапкар и неговите луѓе не се повеќе дел од нашиот клуб“, вели Стефан Ставрев.
Тој реагира и на обвинувањата од Венко Шапкар упатени на негова адреса дека тој во целава игра е ситен профитер.
„По сите медиуми ме обвинува за ситно профитерство. Како може човек кој дојде во едриличарството во 2003 год. да ме обвини мене кој од 1980 година, односно од мојата 7 годишна возраст сум со едрилиците“, вели Ставрев и додава “Јас и моите другари бевме со едриличарството и кога имаше и кога немаше спонзори. Ние го сакаме овој спорт и се ќе сториме за него“.
Дали најпосле ќе се стави крај на нефер играта која ја игра АМАК СП со едриличарскиот клуб “Бофор“. Со ова што во моментов се прави трпи охридскиот спорт и вљубениците во едрењето. Сепак корените на овие препукувања по се изгледа се многу подлабоки. Да не излезе на крај дека охриѓани се во право кога велат дека се` се прави поради атрактивната локција на која е сместан едриличарскиот клуб “Бофор“. Дали намерите на Шапкар немаат “С“ од спорт туку се чисто бизнис ориентирани, ќе покаже времето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град