Недостиг на пиротехничари во земјава

Во земјава има недостиг на пиротехничари. Во Дирекцијата за заштита и спасување има само седум вакви стручни лица, што е двојно помалку од потребите на државата за отстранување убојни средства кои се останати од Првата Светска војна. 

 |   | 

Македонските пиротехничари ја надминуваат и возраста, максималната старосна граница во светски рамки е до 55 години. Цели 16 години во земјава не е вработен нов специјалист по пиротехника.

Во државата во моментов имаме седум пиротехничари кои се пред пензија. Треба опрема која е скапа и треба и луѓе ние во моментов сме седум луѓе и буквално тие луѓе ја поминаа границата на пиротехничари одамна ни требаат млади кадри – вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничари во ДЗС.

Причината за недостигот на пиротехничари се условите за работа односно ниските плати и слабата опременост, немањето бенифициран стаж и тоа што се водат како професија во која не постои ризик. Во светски рамки работата на пиротехничарите според ризикот што го носи е сместена на второ место.

Таа е ризична работа, а условите за работа не беа воопшто прилагодени на нас. Ние сеуште се водиме, тек сега јас успеав со директорот и премиерот да го измениме законот за пиротехничари малку ги подобривме условите. Досега бевме држава во која што нема бенифициран стаж, нема ризик не се ризични иако се максимално ризични – додава Митров.

Пиротехничарите се надеваат дека проблемите ќе бидат надминати со измените во законот за заштита и спасување, кој треба да биде прифатен со сите предлози и забелешки. Во спротивно за некоја година државата ќе остане без пиротехничари, а тоа според нив не смее да се случи, бидејки секој втор ден има интервенции, а според проценките, мини, бомби и гранати ќе се откриваат и во следните дваесет години.

 

Новинар : Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top