По повод одбележување на Неделата на солидарност, Црвен крст од Охрид организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население.
Под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, а по повод одбележување на Неделата на солидарност, Црвен крст од Охрид организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население за обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.
–Во последно време со оглед на економската ситуација на граѓаните бројот на оние на кои им е потребна ваква помош расте. На некои граѓани им се потребни средства за операција, на некои за храна, а на некои за хигиена, вели Mладен Bожиновски-младински координатор во ЦК Охрид.
Божиновски апелира до нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата и да донираат материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид или да донираат парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст , кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот .
Донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст Охрид треба да биде со назнака за “Недела на солидарност”. Акцијата започна на 22април и ќе трае до 30 април.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град