Црвениот крст од Охрид во соработка со Лајонс клубот Десaрет, ресторанот Далга, Локалната и образовните институции од градот, ќе се вклучат во одбележување на 16 октомври, светскиот ден на борба против гладта.
Светскиот ден на борба против гладта, 16 октомври се одбележува и во Охрид. Традиционално и оваа година Црвениот крст во соработка со Лајонс клубот- Десарет со низа активности, активно дава свој придонес во одбележувањето на овој ден. Од 16 до 22 овој месец, бројни активности ќе бидат реализирани со помош на образовните институции од Охрид и Дебарца и Локалната самоуправа исто така од двете општини. Организирана е изработка на хуманитарни пакетчиња од страна на учениците, со најразлични производи наменети за дечињата од најзогрезените семејства. Децата ќе ги изработуваат пакетите и тие ќе ги подаруваат на своите другарчиња.
Во контекст на акцијата, а со поддршка на хуманите луѓе од ресторанот Далга, ќе бидат подготвени оброци, кои активистите на Црвениот Крст, ќе ги делат на социјално загрозените лица, лицата кои се сами и оние кои не се во можност сами да подготват храна. „Свој удел во сето ова можат да имаат и граѓаните, на начин да се обратат во нашите простории за да не известат доколку познаваат ваква категорија на луѓе, како ние би помогнале на што поголем број од нив“, вели Сашо Точко, претседател на Црвен Крст од Охрид.
Трета година по ред продолжува соработката помеѓу Црвениот Крст и Лајонс клубот Десарет. „Одвоивме сретства за околу 20 до 25 најзагрозени семејств. Ативно учество во оваа кампања ќе земе и подмладокот на Лајонс, младите Лиони, вели Томе Џамтоски, претставник на Лајонс клубот.
Активистите на Црвениот крст од Охрид, од утре постојано ќе бидат на улиците во градот и маркетите, каде ќе ги презентираат своите производи. Покрај ова Сашо Точко апелира до сите фирми и маркети, со свои донации да се вклучат во акцијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град