Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени

По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на оваа ранлива категорија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
crven krst
црвен крст

Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства.плакат

Ние правиме напори да им помогниме на семјставата на кои помошта им е неопходна, но ние не сме тие кои можиме целосно да го решиме тој проблем. Има институции кои треба уште посериозно да работата на подобрување на социјалната состојба во државава, рече Сашо Точков-претседателот на ЦК-Охрид.

Волонтерите на Црвен крст веќе една недела се на терен и вршат продажба на вредносни купони со симболична цена од 20 денари. Кај маркетите Тинекс кај Летница и кај фабриката Лихнида, Дон кај Лихнида и Рамстор ќе бидат поставени корпи каде купувачите ќе може да донираат прехрамбени производи кои се потешко расипливи. Во акцијата учество зедоа и Јавните претпријатија во градов и Локалната која подготви 60 пакети, а се собираат прехрамбени продукти и по училиштата во градов. Дури што е за посебно истакнување и компанијата Жито Битола од Битола  и Мигрос од Битола донирале поголема количина брашно за социјално загрозените семејства од Охрид.

Волонтерите на ЦК пак кои се  членови на театарската група на 17ти октомври во Центарот за култура Григор Прличев ќе ја изведат престава, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Хуманитарните пакети со храна до социјално загрозените семјства од Охрид и Дебрца предвидено е да се дистрибуираат на почеток на ноември. Веќе се подготвени пакети за 100  семејства, но од ЦК се надеваат дека ќе се приберат средства и за останатите на кои тоа има е потребно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top