Заврши опремувањето со компјутерска технологија на трите охридски средни училишта, но процесот со современата информатичка технологија целосно не заживеа, ја објаснува состојбата во општина Охрид
советникот за образование во локалната самоуправа, Митре Велјаноски. Идејата компјутер пред секое дете е добра, но реализицијата во пракса е лоша појаснува советникот за образование. „Со овој стил на работа кога се пласираат идеи ,а реализицијата создава дополнителен хаос е уназадување на квалитотот во образованието, а не унапредување“ објаснува Велјаноски. Каква е ситуацијата на терен и колку активно се користат компјутерите во училиштата одговор побаравме и од директорите на образовните институции. Идеални услови за примена на информатичка технологија во школите нема велат директорите. Постојани проблеми има со инсталациите и мрежното поврзување, а администраторот за одржување на компјутерите задолжен е за 4 општини. Во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ сите 925 компјутери се повлечени од училниците. Сега се чекаат специјални клупи на кои ќе бидат поставени компјутерите велат од училиштето. Професорите пак компјутерската обука ја завршиле во мај, а доцнела и инасталицијата на програмата по предметите па до крајот на учебната 2008/2009 година компјутерите не биле активно користени.
Во ДТУ „ Ванчо Питошески“ од 66-те компјутери кои се добиени во 2008 година, во училниците се инсталирани 56. Обуките за професорскиот кадар се завршени во мај, а компјутерите се користеле само делумно по одделни предмети. Кај компјутерите се јавуваат одредени технички проблеми кои постојано се сервисираат вели директорот.
И во електро- машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ делумно се користат 600-те компјутери кажува директорот Бошко Силјаноски. Во ова училиште веќе се пристигнати 200 специјални клупи за компјутерите, а и професорите ја завршиле основната обука Едубунту. И во ова средно училиште нема активно користење на компјутерскиот систем туку само делумно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град