Не знаеме, не можеме или не сакаме

Од Владата тврдат дека никој не го опструира Охрид во неговиот развој туку самите сме си криви

 |  Јаковлева Лионела  | 
logo opstina
лого општина

71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините од Југозападниот регион можат да искористат средства во висина од 2,7 милиони евра. Со Албанија досега имало три конкурси за меѓугранична соработка, а со Грција два.

Сашо Стефаноски, државен секретар во Министерството за Локална самоуправа вели дека Општина Охрид досега на овие пет повици има аплицирано само еднаш и е одбиена од  делегацијата на Европската унија затоа што проектот не ги задоволил стандардите на оваа делегација.

Стефаноски вели дека за жал граѓаните на Охрид досега не виделе речиси никаков бенефит од ваквите грантови. Како пример ја посочи Општина Крива Паланка која преку проекти има добиено околу 700 000 евра. Тој додава дека Локалната мора да биде поагилна и поамбициозна во барањето на извори на средства, а не само да ја критикува Владата. Државниот секретар вели дека ТЛЕР треба добро да си ги засука ракавите.
star grad
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески пак вели дека ова се политички изјави. „Ние во втора фаза влеговме пред два месеци и не може да не споредуват со некои општини кои во оваа фаза се веќе неколку години. Општина Охрид има кадар  во секторот за ТЛЕР кој е најдобар во Македонија и кој е подготвен за изработка на вакви проекти“, додава Петрески.

Стефаноски на ова пак одговара дека Општина Охрид не треба да бара никакви изговори. Голем дел од овие средства можела да ги извлече уште во првата фаза на децентрализација. Пример за ваков проект кој беше изработен кога Охрид се наоѓаше во првата фаза на децентрализација е „Духот на Охрид“. Доколку се продолжи со ваков несериозен однос на Локалната набрзо ќе се случи општината да остане без средства бидејќи изворите кои досега ја полнеа општинската каса ќе секнат, додава државниот секретар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top