Не треба да си Тесла за да сватиш

Мерен орман на ЕВН опасност за охриѓани. Орманот кој е поставен на кејот Mаршал Тито веќе неколку денови е распарчен а никој ништо не превзема.

 |  Татјана Маленкова  | 
transformator
трансформатор

Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо.

Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот.

Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи ормарот.

transformatorОстанува да видиме дали ова ветување нависна ќе биде реализирано. Затоа што неодама кога ги информиравме во ЕВН за сличен проблем на ул АРМ во населбата Гоце Делчев, оттаму излегоа со  бизарно објаснување. Им пренеле на жителите од оваа улица дека не се во моженост да ја затворат вратата од големата трафостаница бидејќи не можеле да најдат соодветна брава.

Останува да видиме дали ЕВН со мерниот орман на кејот ќе го има истиот проблем и дали овојпат веднаш ќе се реагира.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top