Не се знае ни кој јаде ни кој пие

Општината сеуште  не знае колку пари  се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители.

 |  Валентина Неловска  | 
kej
кеј

OhridОпштината сеуште  не знае колку пари  се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители. Одделението за даноци и комунални такси кое треба да ја следи наплатата  нема изготвени податоци  нити  извештај за досегашната финасиска  состојба по овој основ. Портпаролот на општината немаше одговор  ни по пет дена од нашето барање за информација  колку пари има во општинската каса од поставените маси и столици  пред угостителските локали. Но, затоа се огласи градоначалникот Петрески.  Тој за ТВМ  изјави дека не е задоволен од наплата, но ни од работата на општинските служби.
Неодамна од првиот човек на Охрид слушнавме за себичноста на сопствениците угостители кои мислат само за својот интерес, но и на за доброто на  градот. Но, не слушнавме зошто службите досега не ја сработиле  работата иако се задолжени и платени токму за следење и  наплата на комуналните такси. Сепак, нарушениот комодитет на охриѓани и на гостите заслужува одговор од  оправданоста на  распосланите  маси ,столици и останатите реквизити по чаршијата и Кејот. Не дозволиво на крајот од туритичката сезона да не  се знае дали  општинскиот буџет по овој основ и навистина ќе тежи 5 милиони денари или околу 82.ооо евра колку што беше планирано со годинешниот буџет.  
Инаку, угостителите за поставена урбана опрема треба да плаќаат такса  по 10 денари, дневно за еден метар квадратен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top