Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува.
Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува. Досега се исчистени околу 30 м3 од срушениот материјал информира директорката на НУ “Завод и Музеј”, Тања Паскали Бунташеска. Таа додава дека лошите временски услови ги попречуваат работите и придонесуваат расчистувањето да се одвива со побрз интензитет. Се додека не се исчисти просторот не може да се каже ни првичната проценка колкава е настаната штета нити што ќе се прави понатаму.
Мора да се исчисти земјата над карпата и да се согледа компактноста на карпата од која понатака ќе зависат сите зафати, кажува Паскали Бунатешска. Таа потенцира дека нивната институција е постојано во контакт со министерството за култура од каде што се ветени дополнителни средства покрај одобрените 1.500.000 денари. Парите што ќе се издвојат ќе бидат наменети за локалитетот на кој ќе му се даде приоритет на опасен простор кој треба што поскоро да се санира. Објаснува дека се во контакт и со локалната самоуправа и со сопствениците на куќите кои се наоѓаат над карпата. Стручните лица утврдиле дека на куќите нема никакви оштетувања и не им се заканува опасност од рушење. По расчистувањето на теренот ќе се одлучи со проект како максималано тие да се заштитат.
За појавата на одрони, пак, во разни делови од старото грдаско јадро директорката на НУ “Завод и Музеј” додава дека воопшто не е чудно што ги има. Обилните врнежи на дожд што ги имаме оваа зима делуваат на потпорните ѕидови, па одроните се неизбежни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град