Египќани во Охрид отсекогаш имало и ќе има. Оваа заедница трпи дискриминаторско однесување и нечовечко понижување од страна на Државната пописна комисија, обвини Демир Далип, кој не ретко се јавува во улога на заштитник на правата на својот етникум, а овој пат се огласи со реакција и за актуелната состојба околу престојниот попис, предвиден за април годинава. Тој реагира дека во пописниот процес ниту еден египќанец не е застапен ниту како потпишувач, ниту како инструктор, ниту пак има место во Државната пописна комисија. Тој бара застапеност и на граѓаните од неговата заедница. Далип кажа дека бројката од 3 300 египќани на државниот попис е нереална, бидејќи според него бројот на египќани е далеку поголем и изнесува повеќе од 20 000, затоа му порача на Премиерот Груевски, да не си игра со египќаните доколку ја сака нивната поддршка.
Претставникот на здружението на египќани на Р Македонија, Вахид Мемед, рече дека Охрид и Македонија е заеднички дом на сите. Тој побара подршка од сите народи, нации и етникуми да ја подржат оваа иницијатива.
Мемет за 23 овој месец најави и мирен протест со цел да се искаже револтот од невклучувањето на египќаните и другите заедници во пописниот процес. Неодамна и албанската и турската заедница од Охрид, незадоволни од начинот на кој се носат одлуките во врска Пописот на населението упатија отворено писмо. Во дел од дописот кој го доставија членовите на државната пописна комисија од турската етничка зеднница, Хавза Реџеп Каќел и Сали Мурати стои:
Членовите на Државната пописна комисија од мнозинската етничка заедница упорно форсираа концепт кој не овозможуваше реална диструбиција на попишувачите и реонските инструктори на што поголемиот дел од претсавниците на немнозинските заедници во Државната пописна комисија аргументирано се спротивставија .
Одлуката беше донесена без согласност на албанските и турските претставници на комисијата и со воздржаност на ромскиот претставник поради што бевме принудени да ја напуштиме седницата на комисијата. Длабоко сме уверени дека Државната пописна комисија има капацитет да се справи со овој проблем – се вели во соопштението на членовите на Државната пописна комисија од турската етничка заедница, Хавза Реџеп Каќел и Сали Мурати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град