Три лица со скршеници, во бесознание и во дезориентирана состојба извлечени во показната вежба која денес ја реализираа спасувачките служби од градов.
Навремено и безбедно евакуирани учениците и персоналот од средното економско училиште во денешната показна вежба на спасувачките служби од градов. Во оваа успешно изведена симулација на пожар во средното училиште „Кирил и Методиј“, имаше и три заробени лица од кои едно со скршеници на потколеница, едно во бесознание и едно дезориентирано лице.
„Го практикуваме тоа секоја година, со институциите, со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување, СВР, Итната медицинска помош, и секако екипите на Црвениот крст, и нормално ТППЕ од Охрид. Можам да кажам дека на оваа вежба на некој начин е прва промоција на нашето возило за специјални намени кое што го доби Црвениот крст од Охрид од Црвен крст од Зеволде Холандија и Националниот здравствен сервис од Холандија каде што навистина ќе можеме и поефикасно да делуваме и да бидеме од помош на сите оние институции кои што делуваат во Охрид.“-вели Сашо Точков-Црвен крст-Охрид.
Ваквите показни вежби, според заменик-командирот во Територијалната противпожарна единица од Охрид, Горан Маркоски, се доста важни заради разработка на плановите за евакуација на учениците.
„Во училиште досега сме немале интервенција, во нашите училишта. Во текот на минатата година, и во текот на оваа година изведовме обука во основните училишта од трето до петто одделение за опасностите кои можат да се јават во домот и во училиштето, да се запознаени учениците со сите опасности кои можат да настанат во случај на пожар и како да ги избегнат и како да не дозволат, превентивно, самите ученици да делуваат за да не дојде до настанување на пожар.“-рече заменик-командирот Маркоски.
Инаку вакви показни вежби со најразлични сценарија, Црвениот крст од Охрид, изминативе години има реализирано во повеќе училишта од градов. Од 2010та година, Црвен крст има изработено и планови за евакуација за дел од охридските училишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град