И натаму незаконски се палат стрништата

Почна сезоната на палење на стрништата.

 |  Мишел Наумоски  | 
strniste
стрниште

Започна пролетта, започнува и садењето на земјоделските култури. Земјоделците ги подготвуваат своите површини. Сето ова ќе беше одлично, ако оној дел на несовесни земјоделци, подготовките не ги вршеа со палење на стрништата. На овој начин, и отвораат дополнителна работа на територијалната противпожарна единица од Охрид. Од таму не информираат за рекорден број на интервенции на отворено. Единицата досега интервенирала дури 46 пати што е многу над просекот од изминативе години. Командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски вели дека иако бројката е голема, сепак била очекувана.
 zemjodelec
„Апелирам до сите кои навистина планираат да палат оган било каков вегетациски материјал за да го отстранат со палење нека пријават во територијалната противпожарна единица од Охрид на бројот 193 дека имаат намера за ние и сите повици кои доаѓаат од одреден правец има чад, а ние знаеме дека пријавен е пожарот или во дадена ситуација ако се види дека во старт му бега од контрола, навремено пријави кај дека пожарот му бега за да знаеме ние навремено да интервенираме.“-рече Спасе Прентоски-Командир на територијалната противпожарна единица-Охрид.
Ем отвора дополнителна работа, ем е незаконски. Казните за палење со намера или од невнимание се движат од 500 до 2000 евра во денарска противредност. Меѓутоа ниту високите казни не ги спречуваат несовесните граѓани да ги палат стрништата и насобраната вегетација.
zapaleni strnista
„До денеска ретко можам да речам никој не се јавил во територијалната противпожарна единица Охрид да каже дека има намера да пали одреден вегетациски материјал на подрачјето било каде, дали во дворот каде што живее, дали во нивата каде што е, кога веќе ќе се случи нешто, само три личности во пожариве 103 што се при интервенции на отворен простор што се од овие 46 само еден граѓанин од Пештани призна дека тој го предизвикал пожарот кој што му избегал од контрола.“

Со цел да се избегнат ваквите типови на пожари во иднина, Прентоски ни појасни како би требало да се врши уништувањето на насобраната вегетација. Безбедниот начин е најпрво вегетацијата да се покоси и да се собере на едно место. Потоа да се ископа бразда околу насобраната вегетација па дури потоа таа да се запали со тоа што секогаш најмалку две лица треба да внимаваат на огнот. Доколку тој излегува од контрола, тоа веднаш да биде пријавено до противпожарната единица-Охрид. Или ако сакате уште побезбедно-не палете ги стрништата, ем волкот сит, ем овците на број!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top