Настрадаа новите автобуски постојки

Новите автобуски постојки ишкртани и испишани со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра. Од ЈП „Градски пазар“ уште во текот на оваа недела ќе започнат со отстранување на графитите, но тоа нема да помогне ако граѓаните и понатаму се однесуваат вандалски и ги уништуваат, велат од општината.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Настрадаа новите автобуски постојки. Несовесни граѓани ги ишкртаа и ги испишаа со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра.

Го детектиравме тоа уште пред еден месец. Граѓаните долго време чекаа да се постават современи автобуски постојки, а сега некој ги уништува. Ваквото вандалско однесување е за секаква критика. Апелираме до сторителите да не го уништуваат општинскиот имот, во спротивно, ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

Најмногу на удар се постојките в долж Булевар „Туристичка“. На оваа сообраќајница има пет автобуски постојки. Има кај маркетот Тамаро од двете страни, една кај зградата Печијаре, една кај гимназијата и кај ОУ „Григор Прличев“, уште една на пресекот кај Туристичка и улицата Јане Сандански во близина на продавницата на Жито леб“.

Ние како одговорна Локална самоуправа презедовме обврска да ги исчистиме исшкртаните автобуски постојки. ЈП Градски пазар уште во текот на оваа недела ќе започне со отстранување на графитите, но тоа нема да помогне ако граѓаните и понатаму се однесуваат вандалски и ги уништуваат, вели Танески.

Поставувањето на 5 -те постојки кое се релизира по три пропаднати тендери општината ја чинеше 1.040.000,00 денари, а работите ги изведуваше скопската фирма „Турбо инжинеринг“ специјализирана за поставување автобуски постојки. Од Локалната најавуваат дека во наредните десет дена ќе се постават уште пет автобуски постојки на локации кои се утврдени со урбанистичкиот план.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top