Наставници – водачи во кризата и ресоздавачи на иднината

Светот го одбележува 5 Октомври денот на наставниците  под едно мото: Наставници водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Со инсталација со „училишни ранци“ во облик на срце и благодарност од Премиерот и ресорната министерка и Македонија се приклучи кон признанието и уважувањето на  наставниците кои во услови на пандемија треба да пренесат знаење и да го чуваат здравјето на своите ученици.

 |   | 


Со инсталација со „училишни ранци“ во облик на срце  во знак на признание и благодарност на наставниците одбележан 5ти Октомври Светски ден на наставниците.  Целта е да им  се одаде призание на наставниците кои во услови на пандемија треба да овозможат учење од далечина  и  за повторно отворање на училиштата, но нејзината главна цел е да се уважи пресудната улога на наставниците во општеството.
За нивната искрена и топла посветеност, за нивната страст и креативност, на настанот организиран од Мон и Уницев се заблагодари премиерот Зоран Заев.

„ Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам, чувство на општествена одговорност и покажаниот интерес за учество обуките, со желба да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат. Да направат сѐ што треба за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците. За таа своја посветеност, тие навистина ја заслужуваат нашата целосна почит“, рече Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Северна Македонија.
Светот денес го одбележува 5 Октомври под едно мото: Наставници – водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Јас навистина верувам во вашата моќ. Вие сте наша национална сила и гордост!”, рече Министерката за образование Мила Царовска.

„Искуствата во светот покажуваат дека главниот двигател зад добрите образовни резултати на учениците се квалитетните и компетентни наставници. Без оглед дали во училница или преку Интернет, утврдено е дека реформите во образованието треба да ги опфатат и наставниците за да се мотивираат наставниците и да ги искористат своите таленти и креативност во пренесувањето на знаењата на учениците“, истакна министерката Царовска.

Инсталацијата „училишен ранец“ ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. Иницијативата е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!“ којашто Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top