Наставниот кадар од охридските основи училишта се обучува за укажување прва помош

Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците.

 |  Мишел Наумоски  | 
obuka
обука

crven krst nastavniciНаставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош.

Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид. Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се појават, од срцеви, мозочни удари, ангина пекторис, астматични напади. Според наставниците кои што учествуваат на курсевите, тие за нив се од големо значење поради нивниот непосреден контакт со децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top