Наскоро во Воска ќе се уреди коритото на Грашница

За два дена истекува објавениот тендер за уредување на речното  корито на реката Грашница.

 |  Валентина Неловска  | 
Grashnica
Грашница

За два дена истекува објавениот тендер за уредување на речното  корито на реката Грашница. Се очекува за 90 работни дена жителите од Воска да добијат  урбано среден речен кеј и спречување на понатамошни  поплави од оваа река,  информира Емин Селман, раководител на Одделението за комунален развој и сообраќај при Локалната  самоуправа. Ќе се уредува каналот на улицата „Гоце Делчев“ кон бул. Туристичка. Селман ги посочува придобивките од овој зафат и вели „со регулирање на речното корито ќе се спречат поплавите, но и дивите приклучоци на големиот број фекални канализации. Со нивната елиминација ќе се заштити  езерото при вливањето на реката Грашница“.

Во првата фаза од проектот биле уредени два крака на реката Грашница во должина од 250 метри. Работите се одвивале на  дел од улицаат Гоце Делчев  кон Езерото. Од Комуналниот фонд најавуваат за идната година и друг серизен проект на речното корито. Селман открива дека со работната програма за 2011 година како приоритет на Локалната самоуправа е ставено пренасочување на реката Грашница во реката Даљан кој е поголем проект, а при тоа Грашница ќе прибира помали канали со вода.

Регулацијата на речното корито на Грашница ќе се изведува со фугирана камена ограда, над која ќе се поставуваат бетонски плочи. Ќе се доуредат преостанатите 450 м од речното корито на Грашница, со широчина од  2,5 метри. Средствата за оваа намена се добиени од Републичкиот фонд за води.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top