Од наредната недела, почнува вакцинацијата против сезонскиот грип. И годинава центарот за Јавно здравје обезбеди вакцина за заштита против грип, информира Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска и апелира до популацијата од регионов, посебно оние со загрозен имунитет навреме да се заштитат.
„Се препорачува на сите болни кои се со хронични заболувања, дијабетичарите, срцевите болни и оние со хронични белодоробни заболувања, сите оние кои имаат ослабен имунитет, се препорачува да ја примат оваа вакцина“ вели Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска .
Вакцините се производство на фармацевтската фирма „Авентис Пастер” од Франција, произведени по препорака на Светската здравствена организација. Д-р Јованка информира де обезбедени се 2000 дози, за подрачјето Охрид, Струга и Дебар, а годинешната вакцина е тритипна, објаснува таа.
„Во вакцината, како минатата година така и оваа има компонента која заштитува и од новиот грип, така да оваа вакцина ги има сите сертификати за безбедна вакцина“ обајснува Д-р Коровешоска.
Вакцинирањето ќе започне на почетокот од следната недела, а ќе се спроведува во просториите на центарот, секој ден од 08-14,30 секој работен ден. Во селските средини екипа од центарот за јавно здравје по барање на месната заедница ќе ја спроцедува вакцинацијата на терен. Паралелно од центарот ќе ја спроведат и вакцинацијата на сите оние кои годинава планираат да одат на аџилак.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град