И Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид , подготвени да ги примат идните студенти.
Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година. Веќе четврта година како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика, објаснува проректорот на универзитетот, Устијана Речкоска Шикоска. Намалениот тренд на се помал број средношколци да продолжат со високо образование и конкуренцијата не ги плаши, додава Шикоска.
„Ако земеме статистички гледано, на наше задоволство од година во година иако млад Универзитет формиран во 2008, со работа почнавме во 2009 година, од година во година кај нас. Бројот е се поголем. Имаме над 330 студенти од кои оваа година веќе 190 ќе бидат странски, а другите домашни“ вели Шикоска.
И Факултетот за Туризам и Угостителство од Охрид, образовна институција со традиција подолга од 40 години, со своите 40 доктори на науки, ги очекува новите студенти да им ги пренесе сите знаења од најразлични области. Според конкурсот на овој факултет, оваа година ќе може да се запишат 320 студенти, на неколку студиски програми, како стандардните, туризам, осигурување, царина и шпедиција како и поновите студиски програми, хотелско ресторански менаџмент и гастрономија исхрана и диететика. Исто така студентите кои на овој факултет завршиле на некоја од тригодишните студиски програми, ќе може да продолжат на некои од четиригодишните. Професор Д-р. Сашо Коруноски деканот на факултетот, вели дека и покрај трендот на намален број на студенти од година во година, се надеваат на добри резултати од уписите, поради квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди.
„Факултетот секогаш излегува во пресрет на сите оние потешкоитии кои ги имаат студентите, а тоа е овозможување на плаќање на рати или на почек. Она што секогаш со гордост го истакнуваме е дека факултето нуди учебници за сите предмети по цени апсолутно прифатливи за студентите, со што е избегнато коруптивното продавање на учебници на студентите“ објаснува Коруноски.
Ианку на петте државни универзитети во Македонија има вкупно 28.988 слободни места за идните студенти кои ќе се запишат во прва студиска година во академската 2012/2013 година, информира Министерството за образование и наука. За редовни студенти во државната квота се обезбедни 17.371 место, 7.805 се за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 3.812 слободни места има за вонредни студенти.Првиот уписен рок на Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“е на 16-ти 17 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот на 15-ти идниот месец, додека рвиот уписен рок на ФТУ е на 16-ти и 17 август, вториот на 3-ти и 4 септември и третиот уписен рок е на 17 септември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град