Еден од најпрестижните портали за патувања, Глобал Грасхопер заедно со веб порталот Хотел.инфо составиле листа од 52 малечки европски града за кои посетителите на сајтовите треба да одлучат кој е најдобриот и најубавиот.
Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања.
За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е најфотографираното место и тоа е благодарение на малата црква со црвена тула што се издигнува над езерското синило. Црквата се вика „Свети Јован“ и таа е најпознатата слика од Македонија. Додека се шетате низ камените плажи ви се јавува чувство на спокој, а кајчето што нежно се лизга по водите ќе ве однесе до манастирот што има прекрасни фрески на своите ѕидови. Барате релаксација? Тогаш ја пронајдовте!“ Во оценките кои сајтот му ги доделил на нашиот град меѓу другото Охрид добил највисоки оценки за допадливост, акција, и место прекрасно за фотографирање.
За Охрид можете да гласате на веб порталот hotel.info, каде се гласа за 26 града од вкупно 52та европски бисери. За останатите 26 се гласа на globalgrasshopper. Па имате време до 14ти Февруари со својот глас да му помогнете на Охрид и на хартија да добие признание за најубавиот мал град како туристичка дестинација во Европа, затоа веднаш на гласање!
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град