Населенито од селата покажува интрес за вклучување во туристичка понуда

Развојот на руралниот  туризам во последните 10 –тина години не ја  заобиколува ни нашата земја

 |  Валентина Нелоска  | 
seminar ruralen turizam
seminar ruralen turizam

Развојот на руралниот  туризам во последните 10 –тина години не ја  заобиколува ни нашата земја.

Населението од 30 –тина села во Охридско и Дебрца покажало голем интерес за вклучување во туристичката понуда, секој со она што може да го понуди, почнувајќи од производство на храна, одгледување на добиток, лов, па се до карактеристичните верски обреди  вели Ѓоко Апостолов лидер менаџер на проектот  „Јакнење на локалните институции и организации во развој на руралниот туризам“.

selski proizvodiПроектот има за цел да ги обедини инстиуциите на општините Охрид и Дебрца, и  нивните месни заедници за развој на руралниот  туризам. Овој проект ќе се одвива во неколку фази. По евидентирањето на давателите на услуги ќе се врши нивна обука. На тој начин стихијноста во  овој сегемент ќе се средува. Населението ќе се едуцира по која цена и како да ги нуди своите услуги, додава Горан Мицкоски.

Проектот е финаниски подржан од  ОБСЕ и е во висина од околу 20.000 евра. Се планира изготвување на база дата податоци, а  понудите на населението ќе бидат преставени  во  брошура од 2000 примероци  и на веб страната на локалните самоуправи Охрид и Дебрца. Овој проект е еден од четирите вакви во Македонија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top