Народен театар Охрид утревечер ја започнува новата сезона

Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона.

 |  Голабовски Крсте  | 

Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона. Претставата ќе се игра во петок, на 10-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура. Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски. Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066.

Претставата ќе се игра согласно сите здравствени протоколи и пред ограничен број публика. За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Covid-19 и -сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. -сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top