Нарколепсија – нус појава на вакцината за пандемски грип

Светот го тресе нов скандал околу вакцината за пандемски грип. Дванаесет земји пријавиле сомнителни случаи на нарколепсија поврзана со вакцините против новиот грип Н1N1, соопштува  Светската здравствена организација(СЗО)

 |  Татјана Маленкова  | 
vakcini
вакцина

vakcinacijaСветот го тресе нов скандал околу вакцината за пандемски грип. Дванаесет земји пријавиле сомнителни случаи на нарколепсија поврзана со вакцините против новиот грип Н1N1, соопштува  Светската здравствена организација(СЗО).
Во соопштението се наведува дека нарколепсијата(ненадејно заспивање), воглавно кај младите лица, не е забележана кај претходните вакцинирања и дека почесто е забележана во Шведска, Финска и на Исланд, отколку во другите земји.
Во студијата на Глобалниот советодавен комитет за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација, обработени се податоци од финското истражување во кое се наведува дека децата, кои примиле вакцина против грипот -„Пандемикс“, девет пати се поподложни на нарколепсија за разлика од оние што не се вакцинирани.
Европската агенција за медицина исто така покрена истрага за оваа појава.
Atanasko MihailovОд регионалниот завод за здрвставена заштита смируваат дека во Македонија и Охрид досега никој не се пожалил на нуз појави по примањето на вакцината.
„Минатата година од вакцините кои дојдоа до овој момент нема никаква пријава за било каква нус појава предизвикана предизвикана од вакцината. Давањето на било каков лек кај човекот понекогаш може да даде реакција па макар тоа да се и витамини. Ако последиците се вака големи како во овој случај треба да се разговара што е причината“, вели директор на регионален завод за здравствена заштита Атанаско Михаилов.
Михаилов додава дека кој и да ја произведува вакцината, за да добие дозвола за употреба треба да запази одредени правила и норми како во производството, така и во транспортот.
„Увезувањето на лекови и давањето на вакцини е процедура во која се запазуваат сите норми и програми за заштита и транспортирање на вакцините како и производството. Во производството своја отценка дава и СЗО без разлика од каде е вакцината ако е генерализирана тоа мора да е по сите нормативи на СЗО“, вели Михаилов.
Инаку нарколепсијата е пореметување на сонот што предизвикува екстремен умор и често резултира со заспивање без предупредување, па дури и среде некаква активност. Нарколепсијата предизвикува губиток на клетки во хипоталамусот на мозокот кои содржат протеин наречен хипокретин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top