Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Улицата Мите Богоевски ќе биде готова до напролет. Оваа информација доаѓа од одговорниот на Фондот за комунален развој, Емин Селман. Станува збор за голем проект кој опфаќа комплетно решавање на инфраструктурата на оваа улица.

 |  Николоска Биљана  | 
mitebogoeski
митебогоески

mitebogoeski1Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект.

„Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови пешачки патеки. Во овој момент само се работеше на санација на улцата за побезбедно одвивање на пешачкиот сообраќај како и сообраќајот со возила“-вели Селман.

mitebogoeski2Во зафатите на ул  Мите Богоевски влегува и новопроектираната улица позади општинската зграда. Точно за овој крак до нашиот медиум жителите го искажаа својот револт, забележувајќи дека работите одат бавно и  немаат впечаток дека континуирано се работи. Селман вели дека напротив не биле застанати со работа и за новопроектираната улица во втората фаза ќе се работи паралелно и атмосферската канализација и асфалтирањето.

„Новопроектираната улица сигурно ќе биде изградена со нови ивичњаци и нови тротоари, улично осветлување и ќе биде асфалтирана“-рече Селман.

Раководителот на општинскиот Фонд за комунален развој, бара малку трпение бидејќи во тек на реализација бил обемен проект кој долгорочно ќе ги реши проблемите на жителите на оваа улица. Воедно Селман кажа дека тротоарите кои во моментов се користат за паркирање, нема да бидат наменети за тоа, туку исклучиво само за пешаците, со што ќе се зголеми нивото на безбедност на учениците кои учат во економското училиште, но и воопшто за граѓаните. Инфраструктурните работи ќе ги изведува операторот Ивсил градба а за тоа колкава е финансиската конструкција за целиот зафат Селман сеуште немаше информација но вети дека штом се направат сите пресметки, јавноста ќе биде информирана.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top