Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова.
Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни.
„Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги споиме за да оствариме некој проект или да реализираме некоја идеја или ново уметничко дело. Така дојдов и до оваа идеја која им ја понудив на учениците. Најдостапен материјал ни беше хартијата, стари весници и списанија кои можевме да ги искористиме, без многу да инвестираме во материјал.“ вели професорката Катерина Слатиноска.
Според она што го видовме синоќа, може да бидеме повеќе од сигурни дека токму во тој тим има идни надежни имиња на кои ќе им подзавидат и познатите модни креатори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град