Нападнат полициски инспектор од Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(21) и А.Б.(23) двајцата од Кичево.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(21) и А.Б.(23) двајцата од Кичево.

svrЕ.П. на 15-ти овој месец, најнапред упатил вербални закани а потоа физички нападнал полициски инспектор при што му задал  повеќе удари со рака во пределот на главата. Настанот се случил во 17 часот и 50 минути во угостителскиот објект „Јаху“ во Кичево, кога полицискиот инспектор сакал да изврши легитимирање и преглед врз второпријавениот А.Б.

Револтиран од преземањето на овие службени дејствија, Е.П. физички го нападнал инспекторот а веднаш потоа во нападот се вклучил и А.Б. кој му нанел удари со раце во пределот на главата. Пред да избегаат од местото на настанот, Е.П. на полицискиот инспектор му упатил низа навреди и закани по неговиот живот.

При извршен претрес во домот на А.Б. пронајдена е една празна рамка за муниција од пиштол. Двајцата пријавени се лица познати на службата против кои досега се поднесувани повеќе прекршочни пријави за нарушен јавен ред и мир со физички напад и тепачка, а против Е.П. и за неовластено пукање со огнено оружје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top