Новичиќ Михајло синоќа пред влезот на својата зграда бил претепан од страна на засега тројца непознати сторители.
Синоќа некаде околу 23 часот и 15 минути нападнат е Новичиќ Михајло роден 1968 год од Охрид. Разбојништвото се случило од засега тројца непознати сторители пред влезот на неговата зграда 43 на ул Туристичка. Новичиќ бил нападнат со тврд предмет, со кој бил удрен по главата, лицето и останатите делови од телото. Му биле одземени апоени во вредност на 300.000 денари. Полицијата трага по сторителите.
Повредениот Новичиќ бил пренесен во Општата болница Охрид. Ова разбојништво го потврдува и од СВР Охрид. Службите веќе работат на расветлување на случајот. Од таму велат дека се се поблиску до сторителите бидејќи на лице место пронајдени е пиштол марка 762мм, каменот и други траги од крв.
Првичните неофицијални изјави говорат дека се работи за дилер на охридската берза која последниве години важи за црна точка во криминалот. Се по евидентно е дека безбедноста на овие улични препродавачи на девизи е загрозена. Сеуште се свежи сеќавањата на охриѓани за убиствата на тројцата дилери, за кои е обвинет Лазе Радески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град