Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба.
Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба.
Турканици, кавги и разни недолични дофрлувања е првата слика која ја гледаат туристите кои летово решиле својот одмор да го минат во Охрид. Станува збор за таканаречените чекачи кои во борба за обезбрдување на некаква егзистенција, буквално ги напаѓаат и ги растргнуваат туристите, нудејќи приватно сместување. Гостите остануваат вчудоневидени од ваквиот дочек.
Од локалната велат дека уште на почетокот на туристичката сезона од секторот за Локален економски развој најавиле дека ќе се потрудат да го решат овој проблем. Од ЛЕР ги потврдија ваквите информации, но кажуваат дека тоа било само нивна иницијатива, а не и обврска која задолжително мора да ја извршат. Од таму додаваат дека единствено се овластени да делуваат во доменот на регистрација и категоризација на станоизгавачи од мал обем. Сепак тоа не ги оправдува и дел од вината за ваквата состојба би требало да сносат и тие, велат граѓаните бидејќи и ова е дел од развојот на туризмот за кој овој сектор наводно се залага. Од ЛЕР целокупната одговорност ја префрлаат на инспекциските служби и полицијата.
Танас Танаскоски од општинскиот инспекторат додава дека ваквите групи на чекачи се мобилни така да реално не се во можност постојано да ги следат.Се додека не се изнајде конкретно решение за овој проблем жителите на Охрид, а најмногу туристите ќе се сретнуваат со ваква слика. За жал ОД префлањеТО на одговорноста помеѓу ЛЕР, општинската инспекција и полицијата, најмногу трпи туризмот кој со ваквите примери добива само негативни поени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град