Наместо тунел во Скопје, да се изградат регионални депонии – ВМРО – НП

ВМРО – НП на денешната прес конференција со нови предлози до Владата на Р. Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 
narodna
народна

На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. kostoskiА наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот на ЈП.

„Веќе осма година се на Власт а пред секои избори само се најавуваат почетоци и завршетоци на овие регионални депонии. Меѓутоа барем досега од она што знаеме нема ни почеток ни завршеток на изградба на депонии. Македонија за две години би станала лидер на балканот и пошироко со решавање на една ваква голема проблематика. За да не чекаме за изградба на овие 5-7 регионални депонии со многу помали средства тие би се издвоиле со неизградба на панорамско тркало на Вардар кое што Владата на РМ мисли да го финансира со 18 милиони евра, тие да се пренасочат за 20-25 претоварни станици “- предлага Костоски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top