Наместо столбчиња засега само еден камен

Сеуште нема нови столбчиња на премините на бул. Туристичка и Железничка, каде несовесни граѓани ги уништиле ваквите препреки.

 |  Николоска Биљана  | 
stolbcinja
столбчиња

stolbcinjaНадлежните иако најавија дека експресно ќе бидат санирани уништените препреки камерата на ТВМ денес регистрира само еден камен поставен во лежиштето на едно од столбчињата на Туристичка.

Како што ТВМ пред една недела поточно на 5 ти февруари информираше, на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари дел од столбчињата се откорнати. Таквата состојба ја  злоупотребуваат возачите, посебно таксистите и често преку тие острови недозволено преминуваат од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваат безбедноста на учесниците ов сообраќајот.

Од Локалната Самоуправа тогаш за ТВМ изјавија дека се запознаени со проблемот. Портпаролот Џамтоски најави дека во најкус можен рок односно на 06. и 07. февруари ќе бидат поставени нови столбчиња на местото на уништените. ТВМ во интерес на јавноста и безбедноста во сообраќајот и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе укажува и информира.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top