Елитна туристичка населба треба да се гради на просторот кај поранешната Детска специјална болница. Паѓаат во вода најавите за отварање на Одделение за детска кардиологија, од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Сега, судбината на двата големи објекти и огромниот простор на кој се наоѓаат, е во рацете на Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува во согласност со позитивната законска легислатива, урбанистичкото уредување и намената на локалитетот, а се со цел остварување на јавниот интерес.
Покрај веќе руинираниот објект на поранешната детска болница, тука е уште и поранешната стара зграда за радиологија и просторорот околу двата објекти. Портпаролот на Општина Охрид, Симон Илиески, не информира дека на барање на Министерството за транспорт и врски, по затварањето на болницата, по итна постапка Локалната самоуправа донела ДУП за овој простор и тука според овој план треба да се градат елитни туристички хотели.
„Со донесувањето на Законот за отстапување на државното земјиште за менаџирање на општините, ние во програмата која ја доставивме до Министерството за транспорт и врски, ставен е и овој простор и се очекува одговор од ова министерство. Потоа следува постапката за менаџирање со тоа земјиште односно распишување на тендер или јавно-приватно партнерство или друга форма за менаџирање за искористување на овој простор за таа намена“ објаснува Илиески.
Од ресорното министерство сеуште молк. Овој простор е многу блиску до крајбрежјето, зоната во која не смее да се гради. Останува да видиме и дали веќе постоечките објекти лоцирани тука, ќе останат во нивната првобитна форма или истите ќе претрпат измени. И додека Министерствата за транспорт и врски и здравство преговараат, локалците задовлно ги тријат рацете, продолжува девастацијата на оваа некогаш реномирана здравствена установа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град