• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Наместо со блокатори ЈП „Билјанини Извори“ неплаќањето на паркинг ќе го санкционира со платен налог

Наместо со блокатори ЈП „Билјанини Извори“ неплаќањето на паркинг ќе го санкционира со платен налог

ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид  наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило. 

 |   | 

ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило.

Санкцијата за неподмирениот долг како и досега ќе е 1000 денари, но доколку долгот го платите кај нашите контролори во првите 24 часа ќе ве чини 800 денари. Ако долгот го подмирите во следните седум дена ќе платите 1000 денари а ако по овој рок не извршите уплата во банка или пошта , платниот налог го презема извршител со што сите трошоци за наплата ќе бидат на Ваш товар.

Инаку постојат два начини на наплата на паркинг преку ЈП „Билјанини Извори“ и тоа:

-Со СМС (порака) еден вид пост пејд наплата и важи додека сами не ја стопирате пораката пак преку СМС .

– Со гребна карта еден вид при пејд наплата и важи за времето додека е платена. Во мигот кога ќе истече времето на гребната карта а воизлото е се’ уште e на паркинг од нашите контролори ќе се третира како неплатен паркинг и на воизлото ќе се постави платен налог.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top