Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишно лице од струшкото село Враништа.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишно лице од струшкото село Враништа.
– Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катастарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни ѕидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри * 0,7 метри и два прозори 0,75 метри * 0,7 метри. Пријавениот прозорите ги поставил на објект, за кој овластениот градежен инспектор од Општинскиот инспекторат од Охрид, во 2012 година донесол решение со кое на сопственикот на објектот му било наредено да ја отстрани градбата, односно го отстрани бесправно изградениот ѕид со висина од 2 метри и должина од 26 метри како и металната подвижна конструкција со димензии 5,45 * 12,00 метри и висина од 0,80 метри, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По ова решение, сопственикот на угостителскиот објект се уште не постапил.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град