Намалени цените за откоп и закоп

Новоформираното ЈП „Погребни услуги“, донесе Предлог – одлука за намалување на цената на услугите за некаде околу 33%. Таа денес на 38 та седница беше изгласана од страна на охридските советници.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica sovet
седница на Совет

Граѓаните на Охрид ќе плаќаат помалку за ископ и закоп. На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците дадоа зелено светло на Предлог – одлуката за давање согласност за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Погребни услуги“. В. Д. директорот Мите Здравески во врска намалувањето на цената за оваа услуга, рече дека претпријатието преферира да ги штити интересите на граѓаните посебно во овие моменти кога се соочуваме со тешка економска криза. Тој додаде, дека простор за намалување на цените постои и поради тоа што импутот на надворешните фактори кои што влијаат на цената е минимален.

Наспроти оптимизмот на Здравески, Дејан Паноски советникот на ВМРО – ДПМНЕ смета дека претпријатието не може да застане на здрави нозе поради нерегулираните односи со матичното ЈП „Охридски Комуналец“. Тој потенцира дека проблемите нема да се надминат и поради тоа што начинот на прераспределба и формирање на претпријатието не биле транспарентни.

Паноски рече, факт е дека двете новоформирани јавни претпријатија кои произлегоа од ЈП „Охридски Комуналец“, се соочуваат со сериозни проблеми за кои се свесни и самите раководители. ЈП „Управување со гробишта“, сеуште нема лиценца за работа, додека пак ЈП за „Погребни услуги“, се соочува со елементи на криза во финансиското работење, додава тој. Како и  да е В.Д. директорот Здравески признава дека претпријатието се соочува со проблеми бидејќи сеуште се релативно новоформирани. Тој очекува дека тие ќе се провлекуваат се додека претпријатието комплетно не се етаблира.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top